РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија U18 славеше на првиот од двата пријателски натпревари во Струмица — Хоџа двоен стрелец

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Вчера во Струмица се одигра пријателскиот натпревар помеѓу младинските селекции на Македонија и Црна Гора (U18), на кој нашата репрезентација заслужено славеше со 2:1. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски прикажаа одлична партија – со многу создадени шанси, високо ниво на дисциплина и храбра игра против своите врсници.

Херој на мечот беше Дитмир Хоџа, кој со два погодоци во првото полувреме ја одведе Македонија до убедлива предност. Хоџа го отвори резултатот во 20. минута за 1:0, а само девет минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелци и донесе водство од 2:0 на полувреме.

Во второто полувреме нашите млади репрезентативци продолжија со сигурна игра, но фудбалерите  од Црна Гора успеаја да намалат преку Вељко Мијовиќ во 84. минута, поставувајќи го конечниот резултат 2:1.

Следниот пријателски натпревар младата репрезентација ќе го одигра утре пак против репрезентацијата на Црна Гора со почеток од 11:00 часот, повторно во Струмица.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!