Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за настап во Европската лига 2026

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија, само неколку дена по назначувањето на новиот селектор Милош Гавриловиќ, денес ги дозна противниците и распоредот за настап во Европската лига 2026.

Изданието за 2026 година добива дополнителна важност, бидејќи ќе биде дел од квалификацискиот процес за Европското првенство во 2028. Натпреварувачкиот систем останува речиси ист, но со една значајна промена – нема повеќе поделба на Златна и Сребрена лига, туку постои единствена Европска лига во која учествуваат селекциите што не настапуваат во ФИВБ Лигата на нации. Правилото останува: секоја репрезентација што ќе игра во Европската лига 2026 мора да настапи и во 2027, во спротивно следуваат санкции од ЦЕВ.

Новиот систем започнува со прелиминарна рунда, во која Данска, Луксембург, Албанија и Литванија (според позициите на последниот ЦЕВ ранкинг) ќе одиграат еден турнир од 29 до 31 мај 2026. Првите две селекции ќе обезбедат место во лига-фазата што ќе се игра низ три викенди во јуни.

Македонската женска репрезентација настапот го започнува во Португалија. Првиот викенд (5–7 јуни) ќе игра со Унгарија на 6 јуни, а ден подоцна со домаќинот Португалија. Вториот викенд (12–14 јуни) гостува во Шпанија, каде на 12 јуни игра против домаќинот, а на 13 јуни со Азербејџан. Во третиот викенд (19–21 јуни) Македонија ќе биде домаќин и ќе ги пречека Хрватска и Словенија. На 19 јуни играме со Хрватска, потоа следи слободен ден, а на 21 јуни ќе се соочиме со Словенија.

Како и кај мажите, новитет е воведувањето на Ф6-турнир наместо финален викенд. Тој ќе се одржи од 1 до 5 јули 2026, а организаторот ќе биде дополнително определен. Ако домаќинот е меѓу првите шест селекции, на завршницата игра и шестопласираниот. Во спротивно, на Ф6 настапуваат петте најдобри селекции и домаќинот.

Првите четири репрезентации на Ф6 обезбедуваат директен пласман на ЕвроВолеј 2028. Сепак, важи едно важно правило: ако домаќинот се пласира на завршницата само поради организацијата, без да биде меѓу најдобрите шест во лига-фазата, мора да ја освои Европската лига 2026 за да добие билет за Европското првенство. Ако влезе на Ф6 со пласман, тогаш чеворте полуфиналисти ќе се квалификуваат на ЕП.

ПРВ ТУРНИР (05–07.06.2026), Португалија

05.06 – Унгарија – Португалија
06.06 – Македонија – Унгарија
07.06 – Португалија – Македонија

ВТОР ТУРНИР (12–14.06.2026), Шпанија

12.06 – Македонија – Шпанија
13.06 – Азербејџан – Македонија
14.06 – Шпанија – Азербејџан

ТРЕТ ТУРНИР (19–21.06.2026), Македонија

19.06 – Хрватска – Македонија
20.06 – Словенија – Хрватска
21.06 – Македонија – Словенија

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Турција пресилна за Македонија: Одбојкарките со пораз на стартот на Медитеранските игри

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на Медитеранските...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките до 20 години со пораз од Романија ги отворија БВА квалификациите

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија до 20 години со пораз ги започна...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!