Останато

Македонија со претставник на завршната конференција на „Играј одбојка, расти со неа“

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Комесарката за натпреварување на Одбојкарската федерација на Македонија, Сања Никчевиќ, учествуваше на годишната завршна Конференција на проектот „Играј одбојка, расти со неа“, што се одржа во Букурешт, Романија, и со која официјално заврши двегодишниот циклус на имплементација на проектот.

Никчевиќ, која воедно беше и проект-менаџер на дводневната конференција, учествуваше заедно со уште 34 претставници од националните федерации што функционираат под капата на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), институцијата која го спроведува овој значаен развоен проект.

На проект-менаџерите и координаторите им беше презентиран новиот едукативен материјал, кој ќе служи како прирачник и ќе биде распределен за употреба од новиот циклус што започнува во септември.

Една од централните теми на конференцијата беше заштитата на децата од училишна возраст вклучени во одбојката – препознавање на ризици, механизми за превенција и начини за делување во случаи на било каков облик на насилство.

Никчевиќ учествуваше и во повеќе работилници посветени на предизвиците при имплементација на проектот, ефективниот менаџмент, како и креирање идеи за негов понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на изготвување стратегии за привлекување повеќе момчиња во одбојката – предизвик со кој се соочуваат голем дел од федерациите вклучени во проектот.

Одбојкарската федерација на Македонија е партнер на ЦЕВ во проектот „Играј одбојка, расти со неа“ уште од 2018 година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонска Каменица испишува нова спортска историја – формиран првиот ракометен клуб „Сокол Саса“

Македонска Каменица доби уште еден спортски колектив и официјално влезе на ракометната мапа на Македонија. Со формирањето на Ракометниот клуб „Сокол Саса“, градот...

Ракомет

Познати екипи кои ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Во период од 20 до 23 август во Прилеп ќе се одржи 11. издание од Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешковски“, кој се организира...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!