Ракомет

„Сите дишеме како еден“ – Ројевиќ по убедливата победа на Охрид над Тиквеш

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид се вратија од Кавадарци со убедлива победа од 31-19 против екипата на Тиквеш, потврдувајќи дека се во одлична форма пред дуелот со шампионот- Еурофарм Пелистер. Од самиот почеток, гостите ја презедоа контролата на теренот и најавија дека ќе доминираат во целиот натпревар.

Веднаш по натпреварот, тренерот на Охрид – Борис Ројевиќ, во изјава за Спортска Мрежа, истакна дека тимот добро се подготвил за овој ,, тежок терен “, а силната одбрана и одличната работа на голманите биле клучни за убедливиот резултат, додека тимската атмосфера им дава дополнителна самодоверба пред дуелот со Пелистер.

,,Кавадарци важи за многу ,,тежок“ терен и добро се подготвивме, со голем респект кон противникот. Одбраната ни ја донесе убедливата победа, а посебно тоа што го примивме првиот гол во второто полувреме дури во 17. минута, со одлични голмани. Атмосферата во тимот е навистина одлична од првиот ден – дишеме сите како еден и во таква атмосфера го дочекуваме и Пелистер.”- изјави Ројевиќ за Спортска Мрежа.

Охрид доминираше во текот на целиот натпревар, имаше моќна серија од девет погодоци по ред во второто полувреме и контрола од почеток до крај. Победата не само што донесе бодови, туку и самодоверба пред големото дерби во СРЦ „Билјанини Извори“.

Во следното коло, Охрид го пречекува шампионот Еурофарм Пелистер, додека Тиквеш ќе се сретне со Еурофарм Пелистер 2.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!