Ракомет

„Дисциплинирана игра и концентрација за позитивен резултат“ – Кукуловски пред дуелот со Тиквеш

Сподели
ФОТО: ГРК ОХРИД
Сподели

Во рамки на 16. коло од ракометната Супер лига, ГРК Тиквеш 2014 ќе го пречека ГРК Охрид утре (10 декември), во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци, со почеток од 19:00 часот.

Натпреварот се очекува да биде тежок и возбудлив, со оглед на квалитетот на двата тима, како и важноста на бодовите за двете екипи.

Од таборот на Охрид, левиот бек- Дејан Кукуловски, за Спортска Мрежа го најави утрешниот дуел.

Тој истакнува дека Охрид е подготвен за предизвикот, знаејќи го квалитетот на домаќините, и ќе се обиде да игра дисциплинирано во нападот и одбраната за нови бодови и продолжување на патот кон сезонските цели.

„Нè очекува тежок натпревар со екипата на Тиквеш, на гостински терен. Знаеме за каков противник се работи- имаат доста искусни играчи кои играат доста агресивно, особено дома, но ние сме максимално подготвени и мислам дека со дисциплинирана игра, како во напад, така и во одбрана, одиме на нова победа и нови бодови за остварување на нашите цели.“ – изјави Кукуловски за Спортска Мрежа.

Со максимална концентрација и дисциплинирана игра, Охрид ќе се обиде да ги освои бодовите на гостински терен, додека, пак, Тиквеш ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!