Втора лигаИнтервјуМагазинФудбал

ИНТЕРВЈУ | „Среќни сме што сме на првата позиција, но ќе останеме присебни“ – Кочоски за Спортска Мрежа

Сподели
Сподели

ГФК Охрид и официјално ја заврши најуспешната есен во последната деценија. Тимот предводен од младиот стратег Ромео Кочоски блесна во Втората лига и со фантастичен учинок се круниса како есенски шампион. Популарните „рибари“ не само што играат допадлив и офанзивен фудбал, туку зад себе имаат и „страшна“ ефикасност која совршенот ја отсликува нивната доминација.

Охриѓани во првиот дел од сезоната запишаа 11 победи, 3 ремија и само 1 пораз, со вкупно 38 постигнати и 10 примени голови – најдобар напад и втора најдобра одбрана во лигата. Формата е уште повпечатлива: осум победи по ред, а на последните десет натпревари – девет триумфи и едно реми. Доволно за максимална почит кон младата тренерска филозофија на Кочоски.

Во интервју за Спортска Мрежа тренерот зборува за победничката есен, амбициите и плановите за напролет.

  • Последниот меч и стекнувањето на титулата есенски шампион

Во последниот есенски дуел, Охрид триумфираше со 0:2 на гостувањето кај Слога во Виница, освојувајќи ја титулата есенски шампион. Кочоски беше задоволен од играта и пристапот.

„Најпрво благодарност до домашната екипа за одличниот прием. Што се однесува до натпреварот заслужено дојдовме до победата. Целиот натпревар имавме контрола над играта и не дозволивме противникот да не изненади.“

  • Остварените цели и важноста да се остане присебен

Кочоски не ја крие гордоста поради постигнатото, но останува смирен и фокусиран.

„Среќни сме што сме на првата позиција но ќе останеме присебни бидејќи се наоѓаме на половина пат. Има уште многу да се игра, но со овој пристап и игра можеме да се надеваме дека ќе ги оствариме целите што ги зацртавме пред почетокот на првенството.“

Тимот веќе е на заслужен одмор, а стратегот истакнува дека моментално најважно е да се задржи постојниот состав кој ја изнесе оваа силна полусезона.


  • Планови, засилувања и целта наречена Прва лига

Во план е умерено засилување и фокус на континуитетот, а амбициите се јасни.

„Имаме доволно време да се одмориме и да се подготвиме за пролетниот дел. Приоритет ќе ни биде да ја задржиме моменталната екипа и да се засилиме уште со неколку фудбалери, се со цел да го зачуваме и првото место на крајот од сезоната.“

Охрид зимува на врвот со 36 бодови, пред Шкендија Арачиново (35) и Брегалница (33). Пролетниот дел го отвораат со дербито против Беласица во Струмица – натпревар кој ќе даде силна насока за борбата за пласман во Првата лига.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!