Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Сподели
ФОТО: Превалец - Росоман
Сподели

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз, со најдобар напад од
49 постигнати погодоци, со втор најдобра одбрана која примила осум гола, а тоа значи и 31 бод на своето конто.

Ист број на бодови со ист учинок е тимот на Борец од Велес, кој лани испадна од Втора лига. Велешани имаат најдобра одбрана која примила седум гола и трет најдобар напад после тој на Превалец и Ултрас.

Овие две екипи ќе ја водат битката за тоа кој да биде шампион, а со тоа да се обезбеди и баражот за можен влез во Втора лига.

Борец уште лани кога испадна од Втората лига имаше за цел одново да се обиде за експресно враќање како што му успеа пред две сезони, а пак Превалец лани ја загуби трката за баражот, но оваа сезона е цврсто решен да биде шампион.

Росоман е трети со 24 бодови на своето конто дури седум помалку од водечките Превалец и Борец, а пак четврти е тимот на Ултрас кој има 22 бодови на своето конто, останатите екипи се под дваесет освоени бодови.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ➖ ФК ПРЕВАЛЕЦ 12 10 1 1 49 8 +41 31
2 ➖ ФК БОРЕЦ 1919 АД 12 10 1 1 42 7 +35 31
3 ➖ ФК РОСОМАН-83 12 7 3 2 28 18 +10 24
4 ➖ ФК УЛТРАС 12 7 1 4 43 23 +20 22
5 ➖ ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 11 6 1 4 20 19 +1 19
6 ➖ ФК ПИТУ ГУЛИ 12 5 2 5 24 18 +6 17
7 ➖ ФК Бучин 12 4 3 5 16 25 -9 15
8 ➖ ФК МЛАДОСТ 1930 12 5 0 7 20 40 -20 15
9 ➖ ФК МЛЕКАР 12 4 1 7 20 26 -6 13
10 ➖ ФК Влазними Јуниор 12 4 1 7 17 26 -9 13
11 ➖ ФК БАШКИМИ 2008 12 3 3 6 19 18 +1 12
12 ➖ ФК ТОПОЛКА 12 2 2 8 8 29 -21 8
13 ➖ ФК ДРЕНОВО 2016 11 0 1 10 9 58 -49 1
14 ➖ ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

ИнтернационалциФудбал

Сезона од соништата за Љупче Дориев, продолжува да блеска во дресот на Согдиана

Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев продолжува да блеска во дресот на Согдиана, потврдувајќи...

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!