Останато

Шампионот Струмица го доби дербито со лидерот Штип УГД во градот под Исарот

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД | АРХИВА
Сподели

Актуелниот шампион Струмица со 2-3 во сетови славеше во дербито против лидерот Штип УГД во градот од Исарот, меч од 9. коло на Првата одбојкарска лига. Штипјани можат да жалат за овој резултат бидејќи прокоцкаа 2-0 во сетови.

Првиот сет заврши со резултат од 25:19, а пак вториот со 25:20 за Штип УГД, таман кога сите мислеа дека домашниот тим фуриозно ќе го добие мечот со 3-0 во сетови, се случи спротивното во спортската сала „Јордан Мијалков“.

Третиот сет му припадна на шампионот кој го доби со 23:25, а со ист резултат го доби и четвртиот сет за 2-2 во сетови.

Во петтиот сет струмичани беа подобри со 12:15 и така го добија мечот со 2-3 во сетови против актуелниот освојува на Купот на Македонија, Штип УГД.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот состав успеа да стигне до голем бод и покрај тоа што...

Ракомет

Ројевиќ по ремито со Загреб: „На полувреме се фативме за рака и си рековме дека одиме со потполно друга енергија“

Охрид е во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако вчера одигра реми (30-30) против Загреб. Бодот беше доволен за „гладијаторите“ да го...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!