Втора женска фудбалска лигаФудбал

Кочани го доби Вардар и стана есенски шампион, Билјанини Извори и Плачковица се “распукаа”

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Есенската полусезона во Втората женска фудбалска лига заврши, Кочани со максимални 21 бод е есенски шампион, а есенската полусезона ја затвори на домашен терен со убедлива победа од 3:1 во дербито со второпласираниот Вардар.

Без многу проблеми искусната Афродита Салихи постигна хет-трик, а за Вардар стрелаше Џенита Кицара.

Билјанини Извори со 9:0 го декласираше Порече на домашен терен, во меч каде Ивана Николоска имаше четири гола, хет-трик за Марија Јулчовска, Стефанија Ристова и Марија Давчевска по еден гол.

Плачковица со 7:0 ја декласираше Победа од Валандово на домашен терен, каде Марија Бојкова постигна четири гола, а по еден постигнаа Михаела Здравева, Јасмина Манева и Елеонора Николовска.

Борец како “фенерџија’ ја заврши сезоната, но ако е за утеха со еден бод, откако ремизиташе со дебитантот Слободен играјќи 1:1.

Нина Алексовска во 19. минута погоди за 0:1, а во вториот дел Мери Трајковска ги постави конечните 1:1.

Кочани е есенски шампион со максимални 21 бод, Вардар е втор со 16 бодови, Билјанини Извори е трет со 15 бодови. Плачковица е на 4. меато со 13 бодови, Порече има седум бодови и се наоѓа на петтото место, шестта е Победа Валандово со пет бода. Дебитантот Слободен заврши како претпоследен со два бода, а Борец на дното како осми со само еден бод.

Кон почетокот од месец март 2025 година ќе започне пролетниот дел од Втората женска фудбалска лига.

Во следниот период ќе направиме детална анализа на есенската полусезона и за квалитетот на Втората женска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!