Трета лигаФудбал

Дебакл на Тиверија, Малеш го изненади Хоризонт Турново, Слога Виница го „згази“ Дојранско Езеро

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Седмата рунда од Трета лига – Исток донесе високи и убедливи победи, но и изненадување.

Во Берово екипата на Малеш со голот на Каракутовски дојде до минимална победа од 1:0 над поранешниот прволигаш Хоризонт Турново.

Тиверија на домашен терен во Струмица доживеа дебакл откако загуби од Овче Поле со 0:4. Стојановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Андроников и Нацев.

Брегалница во Делчево со 2:1 го доби Карбицни во меч каде Пешовски и Илиев беа стрелци за домаќинот, а за гостинот погоди Нешовски.

Слога Виница го декласираше Дојранско Езеро со превисоки 7:1 во натпревар каде Игор Ѓорѓиев и Кристијан Ристовски беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Рилинд Ајдини, Роберт Пецов и искусниот Бошко Ступиќ. За гостинот од Дојран погоди Глигор Јанкулов.

Светлост Зрновци дочека да се израдува на прва сезонска победа откако со 2:1 славеше над Ударник во натпревар каде искусниот Влатко Коцев и Михаил Јакимов беа стрелци за дебитантот, а за гостинот погоди Павлов.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!