Трета лигаФудбал

Големо Коњари го декласираше Бучин, Росоман го доби Венец, трите бода останаа во Кривогаштани!

Сподели
Сподели

Во Трета лига – Југ се откажа уште една екипа од натпреварување, пред стартот на првенството се откажа Марена, а пред стартот на осмото коло се откажа Обршани, поранешниот второлигаш нема да продолжи со натпреварување, па тоа ќе значи по две слободни екипи во секое коло.

Поранешниот второлигаш Росоман на домашен го доби Венец од Долни Дисан со 3:1 во меч каде Миловановиќ и Манев беа стрелци за домашниот тим, а за гостинот погоди Вареловски.

Младост со 2:0 на свој терен во Кривогаштани славеше над Слога, со погодоците на Димоски во првиот дел и Чапкуноски во судиското надополнување.

Фаворитот Големо Коњари со 0:4 го декласираше Бучин на гостински терен. Сите четири погодоци паднаа во првиот дел, откако во второто полувреме немаше голови. Срески, Селманоски, Тошески и Митрески беа стрелци за победничкиот тим.

Ултрас и Питу Гули ги поделија бодовите откако одиграа 2:2 со што тимот од Крушево прокоцка два гола предност. АЛимоски беше двоен стрелец, за 0:2 а во второто полувреме Паноски израмни на конечните 2:2.

Башкими 2008 во вториот дел со 2:0 го доби Дреново во дуел на двата нови третолигаши стрелци за домаќинот беа Ахмедовски и Таировски.

Во осмото коло слободни беа екипите на Превалец и Влазними Јуниор.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го совладаа Арсими со минимални...

Трета лигаФудбал

Гостинска победа за Питу Гули, Ултарс со „петарда“ за Росоман, сигурна победа за Борец

Само една гостинска победа во 16. коло на Трета лига – Југ, откако тимот на Питу Гули од Крушево со 0:1 славеше над...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска...

Трета лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ убедливи на патот кон Втора лига, три бода за Куманово, нов пораз за Кадино

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!