Трета лигаФудбал

Преспа со голот на Реџепи ја доби Велешта и останува лидер во Трета лига – Југозапад!

Сподели
ФОТО: ФК Преспа
Сподели

Седмата рунда од Трета лига – Југозапад беше отворена вчера со воведниот меч меѓу Велешта и Преспа, кој заврши со минимална победа за гостинот од Ресен, откако натпреварот го реши Неџми Реџепи во 51. минута.

Со овој триумф Преспа останува лидер на табелата со 16 бодови на своето конто и игра допадлив фудбал и сака да притиска до крај да го сочува врвот за да стигне до бараж за евентуален влез во Втора лига.

Колото ќе се комплетира денес Евротип на домашен терен ќе игра против Сатеска од Волино, а на овој меч Преспа ќе се надева на „кикс“ на битолчани со цел да остане на врвот со три бодови предност.

Ланскиот второлигаш Караорман ќе игра против ланскиот шампион Кораби кој не го помина баражот за Втора лига, Славеј во Мешеишта го чека Демир Хисар, Кравари против Светлост, а пак Влазними ќе игра против Света Троица од Охрид, меч кој се игра во Струга.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!