ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Кочани започнува со осум екипи: Младост Тошев отвара против Кочани, Сокол Соколарци го пречекува Атлетико 2021

Сподели
Сподели

Викендот започнува новата сезона од Општинската фудбалска лига во Кочани или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Во новата сезона учество ќе земат осум екипи односно Младост Тошев, Кочани, Фудбал Старс, Бирлик Кочани, Задругар Исток Мермер, Чешиново 2015, Сокол Соколарци и Атлетико 2021.

Во рамки на првото воведно коло Младост Тошев сезоната ја отвара на домашен терен, во Оризари го пречека тимот на Кочани, Фудбал Старс ќе игра против Бирлик Кочани, Задругар Исток Мермер во Долни Подлог ќе игра против некогашниот третолигаш Чешиново 2015, додека пак во Соколарци ќе се соочат Сокол Соколарци и Атлетико 2021.

Шампионот во ОФЛ Кочани се стекнува со право да земе учество следната сезона 2025/2026 во Трета лига – Исток.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!