Ракомет

„Сè е полесно кога играме со ваква енергија пред нашата публика“ – Стрмљан блескаше со 11 гола во дербито!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид продолжува да го живее сонот за врвот на македонскиот ракомет. Во дербито против Алкалоид, „гладијаторите“ одиграа маестрално и пред своите навивачи славеа со 28-24. Еден од клучните играчи во нападот беше Тилен Стрмљан, кој постигна 11 погодоци и целосно го диктираше ритамот на тимот на Борис Ројевиќ.

Централниот бек на охриѓани, за Спортска Мрежа, истакна дека победата не била случајност, туку резултат на сериозна подготовка и силна тимска енергија.

„Многу добро се подготвувавме за овој натпревар, од самиот почеток, енергијата и мотивацијата беа на највисоко ниво, и кога сме цврсти и играме со енергија пред ваква публика… сè е полесно, така што почетокот беше извонреден, првото полувреме шест разлика што е врвно, примени единаесет голови во второто, за жал не знам зошто… направивме две-три грешки, но потоа некако се извлековме со одбраната, па потоа и ни тргна во нападот… и на крај ете – заслужена победа.” – изјави Стрмљан.

Со вакви изданија и концентрација во клучните моменти, охридскиот тим сè повеќе потсетува на зрел колектив кој знае како да победи и кога не оди сè според планот. Победата над Алкалоид е уште еден чекор напред кон амбициите за врвот и најдобра увертира пред европскиот дуел со Слога Добој.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте...

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле...

Ракомет

Војводина со триумф над „фараоните“, Тримо Требње со тесен триумф над Олимпијакос

Нов ден со интересни пресметки на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, на кој...

Ракомет

ВИДЕО: Тиквеш со пресврт до триумф на стартот на „Миле Нешкоски“

Меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп започна во драматичен стил, со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!