РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот) игра пријателски натпревар против Летонија, во пресрет на завршницата од овој квалификациски циклус, гостувањето против Велс во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски вели дека нема да има калкулации, кога се игра за националниот тим секогаш се дава најдоброто.

“Нема потреба да калкулираме или да се штедиме, затоа што имаме доволно време за одмор пред натпреварот против Велс во Кардиф. Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината. Акцентот секогаш го ставаме на тимот и така ќе биде и на овие натпревари”, изјави селекторот Благоја Милевски.

Фудбалската федерација на Македонија за утрешниот пријателски натпревар со Летонија донесе одлука за бесплатен влез на трибините на Националната Арена, како еден знак на благодарност до навивачите за поддршката која ја дадоа во овој квалификациски циклус.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за УЕФА квалификациите за Македонија до 17 години

Селекторот на македонската репрезентација до 17 години, Иљами Исејни, го објави списокот...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!