КупФудбал

Историско четвртфинале во Купот за Детонит Плачковица, радовишани на победнички патеки!

Сподели
Сподели

Детонит Плачковица испиша уште еден голем клупски успех, откако радовишкиот второлигаш за првпат се пласираше во четвртфинале од Купот на Македонија совладувајќи го прволигашот Пелистер среде Битола преку пенал рулетот, откако во регуланиот дел беше 1:1, за што објави Спортска Мрежа.

За Детонит Плачковица ова е голем успех, откако во првата фаза од Купот го совлада Борец со минимални 0:1 во Велес со голот на Оливер Христов, а сега преку Пелистер доаѓа во големото четвртфинале.

Штипскиот стратег Горан Здравков го прероди тимот, а Детонит Плачковица продолжува на победничките патеки како што беше во минатата сезона.

Детонит Плачковица заедно со Арсими се единствените второлигаши кои стигнаа до четвртфиналето, исто така и за Арсими ова е голем историски успех со пласман во четвртфинале од Купот на Македонија.

Здравков по превземањето на Детонит Плачковица не знае за пораз и одлично го води тимот како во првенството така и во Купот. Клубот одново и во новата сезона ќе биде конкуретен за висок пласман, а од друга страна ќе биде тврд орев и во Купот, а по елиминацијата на Пелистер, следниот противник на Детонит Плачковица во Купот ќе биде повеќе од внимателен.

Здравков за Спортска Мрежа кратко искоментира, заблагодарувајќи им се на играчите за прикажаната игра за одличниот натпревар и им честиташе што се изборија за четвртфиналето во Купот на Македонија.

Во однос на меѓусебните дуели на овие две екипи Детонит Плачковица доминирана против Пелистер. Од пет меѓусебни дуели Пелистер само една успеал да го добие Детонит Плачковица, а пак радовишани дури трипати биле подобри од битолачни, вклучително и денешниот меч од Купот каде Детонит Плачковица славеше преку пенали.

  • МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА:

08.10.2022 Втора лига: Детонит Плачковица 1:0 Пелистер
01.04.2023 Втора лига: Пелистер 1:0 Детонит Плачковица
03.09.2023 Втора лига: Пелистер 0:0 Детонит Плачковица
05.03.2024 Втора лига: Детонит Плачковица 1:0 Пелистер
23.10.2024 Куп: Пелистер 1:1 Детонит Плачковица (1:4 пенали)

Фокусот на Детонит Плачковица веќе е на следниот меч од првенството, кој го игра в сабота против Борец во Велес, па всушност ова ќе биде реприза од мечот од првото фаза од Купот на Македонија, кога Детонит Плачковица славеше со 0:1, но сега ќе биде поинаку бидејќи е првенствен натпревар и пред се бидејќи на Борец им е потребен позитивен резултат, бидејќи со нов пораз ќе се втурнат во уште поголема резулатска криза.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Каква драма во Крива Паланка – Ивановски во последна секунда го „расплака“ Мал Ајакс за голем триумф на Осогово!

Дербито од дното на табелата во Првата футсал лига донесе неверојатна, луда завршница со среќен крај за Осогово – Кристијан Ивановски ги „расплака“...

ИнтернационалциФудбал

Филип Поповски делегат на супер дербито од Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити

Фудбалерите на  Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе го одиграат едно од најголемите дербија во тековното коло од Лигата на шампионите, дуел кој...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Спуштена завесата во Првата лига: Како изгледа табелата и што ќе очекуваме во пролетниот дел?

Со натпреварот кој се одигра попладнево во Гостивар се затвори есенската полусезона...

Прва лигаФудбал

Арсими и Пелистер со реми полн кое донесе шест гола и драматична завршница во Гостивар

Арсими и Пелистер одиграа спектакуларен меч во Гостивар, кој донесе шест гола,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!