Втора лигаФудбал

Беласица го доби дерби на Истокот, Охрид слави победа над Скопје, Шкендија Арачиново се намачи за три бода во Неготино!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Беласица ја доби дерби-пресметката на Истокот против Брегалница, славејќи со минимални 0-1 на гостувањето во Штип. Натпреварот, одигран на Градскиот стадион, донесе многу возбудувања и борба до последниот свиреж, а единствениот погодок го постигна Костадин Капсаров во 81. минута, во рамки на 12. коло на Втората лига.

Брегалница имаше идеална шанса за водство, но Ристе Темелков не успеа да реализира пенал, испраќајќи ја топката високо над голот. Таа промашена прилика се покажа како клучна, бидејќи Беласица ја казни грешката и ги освои сите три бода. За штипјани ова беше прв сезонски пораз, додека струмичани со овој триумф направија голем чекор во битката за врвот и влез во Првата лига.

Во Гевгелија, натпреварот меѓу Кожуф и Осогово заврши без голови (0-0), додека во Охрид, на „Билјанини Извори“, домашниот тим славеше со 1-0 над Скопје благодарение на погодокот на Иван Глигоров во 17. минута, во дербито на две екипи кои водат битка за влез во Прва лига.

Лидерот Шкендија Арачиново тешко стигна до победата на гостувањето кај Вардар Неготино. Иако домаќините поведоа преку Мартин Младеновиќ во 70. минута, гостите направија пресврт – Дарио Десниќ израмни во 79. минута, а Љупчо Трпески во судиското продолжение (95’) донесе победа од 1-2 за тимот од Арачиново.

ФОТО: Новаци – Слога Виница

Екипата на Тетекс со голот на Азис Јамини во 38. минута минимално славеше над Победа (1-0), додека Новaци убедливо ја совлада Слога Виница со 4-0, благодарение на хет-трик на Стефан Јовановски и погодокот на Петар Љамчевски.

Во Македонска Каменица, Саса и Детонит Плачковица одиграа возбудливи 2-2. Домаќините водеа со два гола предност преку Тони Митковски (51’) и Андреј Симевски (80’), но гостите се вратија со головите на Валентин Блажевски (88’) и Сашо Дуков (97’), за вредно реми на крајот. Саса од 55. минута играше со играч помалку по исклучувањето на Бурим Алији.


Во Ресен, Преспа со резултат 4-2 славеше над Големо Коњари. Амир Фејзулаи, кој го отвори резултатот, а потоа следеа голови на Нико Платиновски, Елмас Емуш и Неџми Реџепи. За гостите стрелци беа Беким Алимоски и Ерџан Ибраимовски.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗФК Шкендија Арачиново 77 12 10 2 0 22 6 +16 32
2 ФК Брегалница 2008 АД 12 8 3 1 25 7 +18 27
3 ГФК Охрид Лихнидос 12 8 3 1 26 10 +16 27
4 ФК Беласица АД 12 8 1 3 28 12 +16 25
5 ФК Скопје АД 12 7 2 3 26 14 +12 23
6 ЗФК Новaци 2005 12 6 2 4 23 11 +12 20
7 ФК Детонит Плачковица 12 5 5 2 17 9 +8 20
8 ФК Кожуф Гевгелија 12 4 5 3 15 8 +7 17
9 ГФК Осогово 12 5 2 5 17 12 +5 17
10 ФК Каменица Саса 12 3 5 4 26 24 +2 14
11 ФК Тетекс 1953 12 4 1 7 19 24 -5 13
12 ФК Победа АД 12 3 1 8 12 32 -20 10
13 ГФК Вардар Неготино 12 3 1 8 18 39 -21 10
14 ФК Преспа 12 3 0 9 14 29 -15 9
15 ФК Слога 1934 12 1 1 10 11 25 -14 4
16 ФК Големо Коњари 12 1 0 11 6 43 -37 3


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Бутел, битолчани во борба за третото место на „Миле Нешкоски“

Еурофарм Пелистер 2 запиша убедлив триумф над Бутел Скопје со 37-30 во натпревар од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во Прилеп....

Ракомет

Охрид повторно го доби Вардар и го одбрани трофејот на „Крсте Андоновски“!

Ракометарите на Охрид ја потврдија доминацијата на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“, откако во големото финале го совладаа Вардар со 29-27 и по...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Пелистер и Брера без победник, Кожуф го совлада Шкупи, историска победа за Камјани

Пелистер и Брпера одиграа без победник, 0-0, во натпревар во кој гостинскиот...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Стартува 25. сезона во ПЖФЛ: Скопје ја брани титулата, Пелистер нов прволигаш

Утре започнува 25. издание на Првата женска фудбалска лига на Македонија, со...

ИнтернационалциФудбал

Тренчовски славеше со Олимпија Љубљана: Марин влезе во игра и даде гол за три бода!

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски стигна до нов триумф во шампионатот на Словенија,...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона

Третолигашот Демир Хисар ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027 во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!