РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Горан Станиќ го објави списокот на фудбалери до 21 година за натпреварите со Шведска и Полска

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 21 година во ноемврискиот циклус ќе одигра два квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 година. Избраниците на селекторот Горан Станиќ на 13 и 18 ноември ќе бидат домаќини на селекциите на Шведска и Полска, а двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.

Селекторот Станиќ го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните натпревари:

Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера).

Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими).

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија).

Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички).

„Анализирајќи ги претходните четири натпревари, можам да кажам дека резултатски не сум задоволен. Според прикажаната игра на теренот, заслуживме најмалку четири бода повеќе во дуелите со многу силни противници, кои се фаворити во нашата група. Сепак, скапо нè чинеа неколку индивидуални грешки. Против квалитетни репрезентации како овие со кои играме, нема простор за такви пропусти.

Нè очекуваат два тешки натпревари против селекции кои играат модерен и брз фудбал, но ние имаме квалитет да се спротивставиме на било кој противник. Ќе играме храбро, како и на секој натпревар и целта ни е да постигнеме позитивен резултат.

Што се однесува до составот, повик добија двајца нови фудбалери кои со своите игри во клубовите го заслужија повикот, Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими. Добро е што сите останати фудбалери имаат солидна минутажа во своите клубови и со тоа ја одржуваат формата на потребното ниво за ваков тип на натпревари.“- истакна селекторот Горан Станиќ.

По одиграни четири кола во квалификациската група за пласман на Европското првенство 2027, младата репрезентација на Македонија има една победа – против Ерменија. На врвот на табелата се наоѓаат селекциите на Полска и Италија, кои по четири одиграни натпревари имаат максимални 12 бодови.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!