Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Фудбалски бисер во Ношпал: Теренот на Напредок како од прволигашки стандарди!

Сподели
Сподели

Во време кога многу клубови во Македонија мака мачат со условите за тренинг и натпревари, едно мало село во битолскиот регион покажува дека со љубов, волја и труд може да се постигне многу повеќе од очекуваното.

Фудбалскиот клуб Напредок од Ношпал, дебитант во Трета лига – Југозапад, располага со терен кој едноставно фасцинира. Тревникот е во перфектна состојба, рамен, густ и одлично одржуван – на ниво што може да му позавидат не само второлигашки, туку и прволигашки клубови.

Она што овој подвиг го прави уште повпечатлив е фактот дека целиот терен е одржуван со сопствени средства и труд на управата на клубот, без било каква друга помош. Играчите и членовите на управата со посветеност го косат теренот со рачни косачки за двор, што е вистински пример за спортска љубов и ентузијазам.

Во време кога често слушаме за лоши терени и слаба инфраструктура, Напредок Ношпал е вистински доказ дека фудбалот може да цвета и во најмалите средини – кога постои страст и посветеност.

Селото Ношпал се наоѓа во општина Могила, на околу 25 километри од Битола, и брои нешто помалку од 300 жители. Но, нивниот клуб веќе го привлече вниманието на фудбалската јавност – со терен каков што немаат ни многу поголеми и побогати клубови во земјава.

Од Напредок порачаа дека целта е јасна – да се создадат идеални услови за младите играчи од регионот и фудбалот повторно да стане гордост на малите села во Македонија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!