ИнтернационалциФудбал

Шкендија во шок – загуби три бода во 100. минута: Јагјелонија се спаси од пораз во Скопје!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

На арената „Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија беше на само чекор од голема европска победа, но доживеа вистинска драма во завршницата. Македонскиот шампион ремизираше 1-1 против полскиот тим Јагјелонија, откако гостите израмнија со погодок буквално во 100. минута од натпреварот.

По мирното прво полувреме без вистински закани, избраниците на Јетон Беќири ја отворија втората половина со гол. Во 49. минута, по одлично изведен корнер на Роналдо Вебстер, Лиридон Љатифи скокна највисоко и со глава ја затресе мрежата за водство од 1-0 и ерупција на радост меѓу навивачите на Шкендија.

По водството, тетовчани влегоа во контролирано темпо, одбраната беше цврста, а голманот Гаје сигурен во секоја интервенција. Дури и кога Бесарт Ибраими се обиде од дистанца, гостинскиот голман Пјекутовски со тешка интервенција го спречи вториот погодок.

Сепак, драмата започна во продолжението. Судиското надополнување траеше повеќе од очекуваното, а иако Јагјелонија остана со играч помалку по исклучувањето на Имаз, Лозано во последните секунди со волеј-удар од далечина постигна спектакуларен погодок за конечни 1-1.

Голот во последниот здив на мечот остави горчлив вкус кај Шкендија, која пропушти голема шанса за нов триумф во Конференциската лига. По три одиграни кола, тетовчани сега имаат четири бода и ќе го бараат новиот предизвик на гостувањето кај косовскиот вицешампион Дрита во последната недела од ноември.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб. Алтипармаковски ќе го преземе сениорскиот тим и ќе го предводи гевгелискиот...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф го промовираше новиот тренер

Второлигашот Кожуф го промовираше Вангел Алтипармаковски за нов шеф на стручниот штаб....

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!