Втора женска фудбалска лигаПрва женска фудбалска лигаФудбал

ФФМ со поддршка за женскиот фудбал во Македонија – донирани топки и опрема за тренинг за 23 клуба

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија продолжува со континуираната поддршка на женските фудбалски клубови во рамките на системот на натпреварување на Федерацијата. Во склоп на програмата за развој и поддршка на женскиот фудбал, денеска беше реализирана донација на опрема и фудбалски топки за вкупно 23 клубови кои активно учествуваат во натпреварите во сите возрасни категории.

ФОТО: ФФМ

Секој клуб доби комплет за тренинг кој вклучува маици, шорцеви и тренерки, како и по десет фудбалски топки. Со оваа иницијатива, ФФМ уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на условите за работа и развој на младите фудбалерки, со цел женскиот фудбал во Македонија да продолжи да расте и да се развива на професионален и организиран начин.

ФОТО: ФФМ

Генералниот секретар на ФФМ Леонид Јандреоски истакна дека оваа активност е дел од стратегијата за развој и поддршка на женскиот фудбал.

„Континуирано вложуваме во инфраструктурата, едукацијата и опремата на клубовите кои работат со македонскиот фудбал. Нашата цел е секоја девојка во Македонија која сака да тренира фудбал да има еднакви услови, квалитетна опрема и поддршка од ФФМ. Веруваме дека ваквите проекти придонесуваат за стабилен и одржлив раст на женскиот фудбал.“

ФФМ и во иднина ќе продолжи да реализира активности и проекти насочени кон поддршка на клубовите, тренерите и фудбалерките, како дел од своите заложби за развој на поквалитетна и конкурентна женска фудбалска лига.

ФОТО: ФФМ

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига во Кичево за сезона 2026/2027...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

КупФудбал

КУП: Вардар против Овче Поле, Тетекс со Брегалница, Осогово против Беласица

Утврден е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!