Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Отља, Спасовски го доби дербито меѓу Пчиња и Аеродром

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат натпреварите од вонредното 10. коло на Трета лига – Север, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на истите.

Беса Сарај дома ќе игра со Еуромилк ГЛ, а Ненад Тодоровски ќе биде главен судија на овој меч со Иван Ивановиќ и Мартин Дувњак.

Бобан Јовановски ќе дели правда на мечот меѓу Беса од Слупчане и БВК Коњаре, а негови помошници ќе бидат Филип Тодоровски и Александар Здравковски.

Куманово на домашен терен го очекува неизвесен меч со Ржаничино, а Борче Павловиќ ја доби довербата да биде главен судија на овој меч, а ќе му асистираат Бојан Иваноски и Филип Николов.

Дербито на колото меѓу Пчиња и Аеродром го доби Виктор Спасовски, а негови помошници ќе бидат Александар Ѓорѓиевски и Кристијан Крстев.

Студеничани ќе игра со Лопати во натпревар каде делител на правдата ќе биде Стојанче Колев, со неговите помошници Кристијан Лазески и Александар Атанасовски.


Фортуна ќе биде домаќин на Башкими Љуботен, а главен судија ќе биде Никола Петковски, додека пак негови помошници ќе му бидат Денис Стојковиќ и Станко Митровиќ.

Дејан Младеновски го доби натпреварот меѓу Кадино и Отља, а негови асистенти ќе бидат Горан Милошевски и Христијан Стојанчевски.

Сите седум натпревари од вонредното 10. коло ќе започнат во 14 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!