РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија во група со Унгарија, Азербејџан и Андора за квалификациите за СП 2027

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени групите за квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во 2027 година во Бразил.

Женската фудбалска репрезентација на Македонија квалификациите ќе ги започне во Лига Ц, каде што има вкупно шест групи. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во март, април и јуни 2026 година.

Пласман во следната рунда ќе обезбедат победниците од сите шест групи, како и две најдобро рангирани второпласирани селекции. Тие ќе имаат можност преку баражи да се борат за место на Мундијалот против второ и трето пласираните тимови од Лига А.
Баражите се закажани за октомври и ноември 2026 година, додека интерконтиненталните баражи ќе се одиграат во февруари 2027 година.

Македонија ќе се натпреварува во групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора. Нашите девојки ќе имаат јасна цел – да се борат за прво место и историски пласман во баражот што води кон Светското првенство во Бразил.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

ФудбалФутсал

Проект одбраната на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!