Втора женска фудбалска лигаФудбал

Дерби на Вардар и Билјанини Извори, фаворитот Кочани гостува во Валандово

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од шесттото коло од Втората женска фудбалска лига со два натпревар в сабота и два натпревар во недела.

Порече во сабота во Македонски Брод ќе го пречека разнишаниот Борец во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит за трите бодови.

Борец игра во катастрофална победа и како тргнало може уште долго да чека за бодови, со гол разлика од само три постигнати, а дури 44 примени погодоци Борец е во многу лоша форма.

Јована Ѓорѓиоска Блажеска ќе биде силен адут на домашнио тим, искусната голгетерка сигурно е дека ќе ја тресе мрежата на гостинот од Велес, во меч кој ќе започне во 13 часот.

Дебитантот Слободен на домашен терен ќе игра против Плачковица во меч каде гостинот од Радовиш ќе ја има улогата на благ фаворит за трите бодови.

Слободен за првпат настапува во Втората женска фудбалска лига и на пет натпревари има едно реми и четири порази, но во секој случај Слободен на долгорочен план ќе работи на градење на свој тим со млади фудбалерки.

Плачковица е во добра форма со две победи, едно реми и два порази, па со седум бодови е на четвртото место на табелата. Натпреварот ќе започне во 15 часот.

В недела во 14 часот Победа Валандово на домашен терен ќе игра против апсолутниот фаворит Кочани, сосема јасно е дека гостинот има далеку поголем квалитет со искусни фудбалерки против младиот тим на Победа.

Најнеизвесен меч ќе одиграат Вардар и Билјанини Извори соочување на второпласираниот домаќин и третопласираниот гостин од Охрид меѓу нив само еден бод е разликата.

Всушност ова ќе биде дербито на колото и колку екипите се подготвени за борба за Прва лига. Вардар минатата сезона не го помина баражот, оваа сезона одново се бори за Прва лига, со тоа што го сака сега првото место, а пак Билјанини Извори сака да се вмеша барем за баражот. Натпреварот стартува во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ го одржа редовното генерално Собрание

Денеска, Фудбалската федерација на Македонија го одржа своето редовно годишно Собрание. На...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Голема победа за Осогово во Радовиш – три гола на Димоски, фаворитите според планот!

Неверојатен меч за Осогово кој со 2:4 преку пресврт славеше во Радовиш...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!