Втора лигаФудбал

Жоглев: Со напорна работа можеме да ја победиме секоја екипа!

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Екипата на Осогово е во подем! „Жетварите“ врзаа две последователни победи во рамки на Втората лига и со тоа значително напредуваа на табелата, зацврстувајќи се во средишниот дел на табелата.

Големата победа дојде во осмото коло, кога во Кочани, Осогово славеше со 3:1 против фаворизираната Беласица — триумф кој има големо значење за клубот и за самодовербата на фудбалерите.

Под водство на стратегот Крсте Крстев, „жетварите“ прикажуваат далеку подобар фудбал во однос на минатата сезона. Тимот изгледа компактно, мотивирано и борбено, а амбициите на клубот се јасни – директен опстанок и можност за уште повисок пласман на табелата.

Голема улога во добрата форма има и верната публика, како и поддршката од навивачката група „Сејмени“. Најдобриот стрелец на Осогово од минатата сезона, а воедно и прв стрелец на клубот по осум одиграни кола, Владимир Жоглев, по победата против Беласица вели дека имаат голема желба и можат да играат против секоја екипа и да ја победат.

„Ние сме едно големо семејство – Семејство Осогово. Тоа можеше да се види на секој натпревар, а посебно и овој викенд, кога си докажавме на самите себе, а и на публиката, дека со напорна работа, посветеност, борба и голема желба можеме да играме против секоја екипа и да ја победиме. Голема благодарност до нашата публика – нашиот 12-ти играч, која секој натпревар е тука да не бодри, без разлика дали победуваме или губиме“, вели Владимир Жоглев.

По осум кола, Осогово има освоено 13 бодови, со што го дели седмото место на табелата заедно со екипите на Кожуф и Новаци, кои имаат ист број на бодови.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица, а тимот од радовишкото село одигра уште...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за позитивниот старт е 25-годишниот Никола Цветковиќ, кој за првпат во кариерата...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!