РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У17 со девет гола го декласираше Гибралтар и се пласираше во Елитна фаза

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската репрезентација до 17 години со убедлива победа од 9:0 над Гибралтар, на крајот го освои второто место во групата 2 и се пласираше во елтината фаза за пласман на ЕП, благодарение на подобрата гол разлика од Унгарија, која загуби убедливо од Чешка во последното коло од квалификациите кои се одиграа во Струмица и Турново.

Македонија денеска на стадионот во Турново беше доминантна над противникот, даде девет, а можеше разликата да биде и двоцифрена ако беа искористени уште неколкуте добри шанси.

Серијата на голови почна во 23. минута кога Михајловски „сервира“ одлична топка до тројниот стрелец Папалиски, кој немаше проблеми да го совлада противничкиот голман. 11 минути подоцна во листата на стрелците се запишува и Љачка. Соло продор на Папалиски по левата страна кој додаде до Љачка, а овој од прва го совлада Бонфанте. До крајот на полувремето уште два гола. Најпрво во 41. минута Џангаровски асистира до Михајловски кој лесно ја спроведе топката во мрежата, а во претпоследната минута од полувремето Папалиски по центаршут од левата страна на Митревски, упати млак, но крајно прецизен удар за 0:4 на полувремето.

Во вториот дел стрелците беа уште порасположени за голови. Во 53. минута Цветковски „собра“ одбиена топка и го зголеми резултатот. Три минути подоцна Џангаровски најдобро се снајде во шеснаесетникот за шести гол во мрежата на Гибралтар. Во 61. минута пенал за Македонија откако голманот Бонфанте стартуваше над Џангаровски. Истиот играч го претвори во погодок.

Папалиски го комплетираше „хет-трикот“ во 68. минута кога со удар од 20 метри го совлада противничкиот голман. Последниот гол беше во 89. минута дело на Мамути откако од десетина метри успеа да ги постави конечните 0-9.
Веќе во следната акција Македонија можеше да дојде и до десети гол, меѓутоа не реализираа акција во ситуација двајца осамени на голманот.

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Ораовица 2026: Почнува осминафиналето – секој пораз значи крај на турнирот!

Турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, кој традиционално се одржува во радовишкото село Ораовица, влегува во највозбудливата фаза. Вечерва стартува осминафиналето, каде што...

Кошарка

КК Пелистер го претстави Коста Кириловски како трето засилување за новата сезона

КК Пелистер го претстави третото засилување за сезоната 2026/27. Нов член на битолскиот клуб е Коста Кириловски, еден од најперспективните млади македонски кошаркари....

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Одбојкарките на Македонија го дознаа распоредот за Медитеранските игри во Таранто

Македонската женска одбојкарска репрезентација го дозна распоредот за настапот на Медитеранските игри...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги стартуваа подготовките за Медитеранските игри во Таранто

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Унгарија и го забележа третиот пораз на Европското првенство

Машката јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Грузија на стартот од Европското првенство Б-дивизија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз го започна...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!