Ракомет

Охрид подготвен за европска премиера – Ројевиќ верува во тимот и во навивачите

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид го започнуваат настапот во Европскиот куп на ЕХФ, каде што во второто коло ќе се сретнат со азербејџанскиот Баки. По договор на двата клуба, и двете средби ќе се одиграат во охридската сала „Билјанини извори“, што значи дека охриѓани ќе имаат можност двојно да го почувствуваат европскиот ракомет дома.

На ден пред првиот натпревар, на прес-конференција своите очекувања ги сподели тренерот Борис Ројевиќ.

„Би ги повикал сите навивачи кои би дошле да нè поддржат во овој двомеч. Овие момци заслужија поддршка со прикажаното во досегашната заедничка работа. Имаме високи амбиции во ЕХФ Купот и едвај чекаме да почнеме в сабота. Баки е можеби непознаница, ама имаме некој материјал и успеавме да се подготвиме за средбата. Момците со сигурност сите ќе бидат на високо ниво и ќе бидат мотивирани за уште во првиот дел да го решиме прашањето за победникот.

Мислам дека сме квалитетен тим. Подобро работиме и велам дека секогаш одбраната носи резултати. Со добра и пожртвувана одбрана можеме да добиеме многу. Треба уште некое време за она што го работиме да „легне“, не оди ништо брзо, но од натпревар во натпревар се гледа подобрување. Се надевам дека одбраната ќе нè краси и ќе нè одведе далеку во ова натпреварување. Сакам од навивачите само да веруваат во нас, а ние ќе возвратиме со многу работа и ќе го израдуваме Охрид“, изјави Ројевиќ.

Првиот меч ќе се одигра во сабота од 18 часот, а реваншот е закажан за недела во истиот термин и на истото место.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!