Прва лигаФудбал

Спасова ќе им суди на Вардар и шампионот Љуботен, Лековски ќе им суди на Ас Јунајтед и Тиверија Брера

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Делегирани судиите за деветтото коло на Првата женска фудбалска лига. Натпреварите на програмата ќе биде в недела.

Во Струга ќе се игра дерби меѓу Ас Јунајтед и Тиверија Брера од Струмица, а за правдата ќе бидат задолжени Дени Лековски како главен судија и помошниците Ангела Домазетовска и Петар Степановски, а контролор ќе биде Васил Клочовски сите од Битола.

Правдата на натпреварот меѓу Вардар и Љуботен ќе ја дели Александра Спасова од село Мустафино, Свети Николе, нејзини помошници ќе бидат Татјана Ивановска од Куманово и Тамара Астарџиева од Скопје, а пак контролор ќе биде Петре Илиоски од Прилеп.

Ангела Рајчевска од Скопје ќе им суди на Истатов и Речица, а пак помошници ќе бидат Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ, исто така од Скопје. Контролор ќе биде Небојша Ѓорѓијевски од Брвеница.

Штипјанецот Дарко Стојанов ќе го суди дербито во Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Скопје, а негови помошници ќе бидат Ристо Ѓорѓиев од Штип и Роберт Црвенов од Велес.

Контролор на средбата ќе биде Сашо Иванов од Штип.

Дербито од дното на табелата меѓу Кочани и Топ Гол ќе го суди Боби Величков од Велес, а ќе му помагаат Радмила Неркова и Александар Ајдаров од Велес, а пак Томислав Тимовски од Струмица ќе биде контролор.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!