ИнтервјуМагазинРакомет

ИНТЕРВЈУ | Kукуловски ги повикува навивачите: ,,Дојдете заедно да славиме пласман во следното коло!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид со нетрпение ги одбројува деновите до првиот Европски натпревар за оваа сезона- дуел со екипата на РК Баки , од Баку- Азербејџан. Возбудата во тимот, како и во градот расте, подготовките се при крај, а Охрид е подготвен за навивање и со нетрпение го очекува првиот меч во сабота, на 11-ти Октомври. Како што веќе знаеме, вториот меч ќе се одигра веќе следниот ден- во недела, на 12-ти Октомври. Едно е сигурно- на Охрид му претстои  богат и возбудлив ракометен викенд.

Охриѓани ќе бидат домаќини на двата натпревари, што е дополнителен мотив за нив да го дадат својот максимум на теренот. Охрид е подготвен за ракометна еуфорија, па несомнено, викендов ќе биде почеток на уште една убава ракометна бајка за ГРК Охрид и љубителите на ракометот во градот под Самоиловата Тврдина.

Со цел да ви ја доловиме атмосферата и возбудата поблиску, поразговаравме со левиот бек на ГРК Охрид- Дејан Кукуловски.

ФОТО: ГРК ОХРИД

Со висина од 196 см и роден во Ресен на 17 август 1998 година, Дејан Кукуловски е еден од младите, моќни ракометари на македонската сцена. Пред доаѓањето во ГРК Охрид (од јули 2024), тој настапуваше за Брно во Чешка, но исто така, има искуство и во домашниот шампионат преку клубови какви што се Еурофарм Пелистер, Вардар, Еурофарм Пелистер 2, а беше дел и од сите младински, но и сениорската репрезентација на Македонија.

Млад, амбициозен и со меѓународно искуство — Кукуловски е играч кој буди интерес и на кој е вредно да му се чуе ставот пред новиот предизвик за него и неговиот клуб.

Во кратко, но содржајно интервју, Кукуловски зборува за атмосферата во екипата, очекувањата пред дуелот и важноста на поддршката што ја даваат навивачите. Во продолжение, ви го претставуваме разговорот со него.

  • Пред вас е европски предизвик против Баки од Азербејџан — какво е чувството и атмосферата пред овој двомеч?

  ,, Точно така, нѐ очекува првиот европски предизвик за оваа сезона против екипата на Баки- чувството и атмосферата се одлични и сите со нетрпение  го очекуваме овој двомеч. “

ФОТО: ГРК Охрид
  • Што знаеме за противникот? Има ли нешто специфично во нивната игра што веќе го анализиравте?

,, Искрено, непознат противник за нас, се подготвуваме добро , анализираме, фаворитската улога ја имаме ние, но секако, тоа мора да го покажеме и на терен. “


  • Двата меча се играат дома, во Охрид — колку ќе значи поддршката од нашата публика? Дали тоа ви е голем мотив или дополнителен притисок?

,, Така е, и двата меча се играат дома и секако дека многу ни значи поддршката од публиката, која секогаш ни е ветер во грб и секогаш е добро тоа, и секако голем мотив е да се игра пред ваква публика. “

  • Тимот е во добра форма во првенството — дали тоа ви дава дополнителна самодоверба и мотив?

,, Мислам дека сме во добра форма, одиме во нагорна линија и сигурно дека како поминува времето ќе гледаме сѐ подобар и подобар Охрид и секако дека тоа ни дава и дополнителна самодоверба и дополнителен мотив секој од нас да го дава својот максимум. “


  • Имаш искуство со европски натпревари — што мислиш, што ќе биде клучно за добар резултат против Баки?

,, Имам искуство со европски натпревари, така што сметам дека сo една добра одбрана и дисциплина во нападот- резултатот ќе си дојде сам по себе. “

ФОТО: ГРК Охрид
  • Каква е атмосферата во екипата деновиве, има ли позитивна енергија пред европскиот предизвик?

,, Атмосферата е одлична и секако дека има позитивна енергија и како што кажав – со нетрпение го очекуваме европскиот предизвик и секако, целиме високо. “

  • И за крај — која е твојата порака до охридските навивачи пред дуелот со Баки?

,, Ги повикувам сите наши навивачи и навивачката група Рибари да дојдат да нѐ поддржат и на крај заедно да славиме пласман во следното коло од европските натпревари. “

На Дејан му благодариме за соработката и му посакуваме многу успех во двомечот против Баки, па се надеваме дека ќе бидеме сведоци на што поголеми успешни предизвици за него и за неговиот тим.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Вардар – Тиквеш

Непоразениот лидер Вардар против Тиквеш на домашен терен, меч од 15. коло...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Охрид – Еурофарм Пелистер 2

Следете го натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер 2, натпревар од 15....

Ракомет

ТАБЕЛА: Младост непоразен лидер, Мулти Есенс втор, Кичево е со минус бодови!

По 12 одиграни кола во Првата ракометна лига екипата на Младост од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!