Трета лигаФудбал

Ристов ќе им суди на Млекар и Борец, Мишески на Ултрас и Влазними Јуниор

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Утре се играат натпреварите од 4. коло во Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Питу Гули од Крушево.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на шесте натпревари.

Ангелчо Ристов од Неготино, со неговите помошници Зоран Ангелов и Ване Данилов, исто така од Неготино ќе ја дели правдата на мечот меѓу Млекар и Борец од Велес.

Душко Стојсавлевиќ од Прилеп ќе биде задолжен да ја дели правдата на натпреварот во Долни Дисан меѓу Венец и Тополка. Негови помошници ќе бидат Филип Боцески од Прилеп и Тони Гурев од Кавадарци.

Ултрас на домашен терен ќе игра против Влазними Јуниор, а Иле Мишески од Прилеп ќе биде главен судија. Негови помошници ќе бидат Борис Трајков и Оливер Мирчески, исто така од Прилеп.

Во Чашка ќе се соочат Башкими од Јаболчиште и Росоман, а Дарко Макалоски од Прилеп ќе биде главен судија со Куре Кулески од Прилеп и Драган Јончески од општина Долнени кои ќе бидат негови асистенти.

Методија Костов од Велес го доби дуелот меѓу Дреново и Бучин, а ќе му асистираат Мирко Најдов и Славче Шопоски, исто така од Велес.

Превалец на домашен терен ќе игра со Младост од Кривогаштани, а за правдата ќе биде задолжен Тоше Ицев од Кавадарци, а ќе му помагаат Александар Трајков и Лазар Стоев, исто така од Кавадарци.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Силекс ја темпира формата во Охрид – одлична атмосфера

Прволигашот Силекс од Кратово продолжува со темпирањето на формата во Охрид, а освојувачот на Купот на Македонија во градот покрај Охридското Езеро веќе...

Турнири

Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо“ повторно ќе ги обедини љубителите на малиот фудбал во Дебреште

И оваа година во Дебреште ќе продолжи традицијата на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо“, спортски настан посветен на прерано...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Силекс ја темпира формата во Охрид – одлична атмосфера

Прволигашот Силекс од Кратово продолжува со темпирањето на формата во Охрид, а...

Прва лигаФудбал

Силекс продолжува да се засилува: Богданоски и Илиески нови адути за европските предизвици

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го комплетира играчкиот...

Прва лигаФудбал

Босански тандем за нападот: Силекс ги засили редовите со Шеро и Хасукиќ пред европските предизвици

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува играчкиот...

Фудбал

Второ издание на Меморијалниот турнир „Гоце Коцевски“ ќе се одржи во јули – следуваат три дена исполнети со мал фудбал

По успешното премиерно издание, годинава по вторпат ќе се одржи Меморијалниот турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!