Кошарка

Шампионот МЗТ Скопје со многу мака го совлада дебитантот Маџари

Сподели
Сподели

Првиот натпревар од новата сезона во Првата кошаркарска лига донесе возбудлива пресметка во СЦ „Јане Сандански“, каде што актуелниот шампион МЗТ Скопје со многу мака го совлада дебитантот Маџари со 77-70.

Иако „аеродромци“ важат за најголем фаворит и ја започнаа одбраната на титулата, гостите од Маџари покажаа дека не случајно се најдоа во елитата. Тимот на тренерот Миодраг Тодоровиќ одигра храбро и организирано, принудувајќи го првакот на голема борба до самиот крај.

Првите 20 минути минаа во израмнета игра со многу поени, а МЗТ на одмор замина со минимална предност од 43-40. Во третиот квартал домашните успеаја да ја зголемат предноста на двапати двоцифрена (53-42 и 60-50), но Маџари не се предаде и со тројките на Димитровски и Грин повторно се врати на само -2 (64-62).

Во завршницата искуството сепак си го кажа зборот – кошаркарите на МЗТ го контролираа резултатот и не дозволија изненадување, па ја впишаа првата победа во новата сезона.

Најефикасен во редовите на победникот беше Чарли Гил со 22 поени, а одлична партија прикажа и Андоновски со 12 поени. Кај дебитантот, Артис Стејплтон блесна со 21 поен, а Грин додаде 20.

Во второто коло МЗТ повторно ќе игра пред своја публика, овој пат против Феникс 2010, додека Маџари ќе му гостува на Куманово.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ

Второлигашот Кожуф од Гевгелија се засили со Давид Ашовалиев и Милан Миленковиќ двајцата во пакет пристигнаа од редовите на третолигашот Победа од Валандово....

Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, повеќе нема да го носи дресот...

Поврзани написи
Кошарка

ФИБА го вброи Дамјан Данев меѓу десетте кошаркари кои треба да се следат на Европското првенство во Хрватска

Уште едно големо признание за македонската кошарка пристигнува во пресрет на Европското...

Кошарка

Перо Блажевски нов координатор и тренер на младинската школа на КК Кожув

Кошаркарскиот клуб „ КК Кожув“ продолжува со зајакнување на својата младинска структура,...

Кошарка

Еден од најголемите кошаркарски тренери доаѓа во Скопје за едукација на македонските тренери

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите македонски кошаркарски тренери дека годинашната...

Кошарка

Започна преодниот рок во македонската кошарка за сезона 2026/2027

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите клубови дека официјално започнува преодниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!