Трета лигаФудбал

Историски момент: Три девојки ќе им судат на Слога Виница и Свелост, Кочева ќе биде делегат на меч од Трета лига – Исток

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во недела ќе се испише историја во македонскиот фудбал, откако за првпат во сениорски фудбал сите официјални лица ќе бидат жени.

Во рамки на 5. коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток на мечот меѓу фаворитот Слога Виница и новиот третолигаш Светлост од Зрновци, за главен судија е делегирана Виолета Јанчева од Гевгелија, прв помошен судија ќе биде Снежана Илиевска од Македонска Каменица, а пак Александра Спасова од Свети Николе ќе биде втор помошен судија.

За делегат на натпреварот кој се игра на Градскиот стадион во Виница е делегирана Гордана Кочева од Валандово, а пак контролор на натпреварот ќе биде Јордан Гицов од Кочани.

Ова е историски момент за македонскиот сениорски фудбал, со делегирањето на сите официјални лица да бидат жени.

Што се однесува до останатите натпревари и делегираните судии, Доне Ристовски од Гевгелија ќе ја дели правдата во Свети Николе каде ќе се соочат Овче Поле и Хоризонт Турново во дербито на петтата рунда од Трета лига – Исток, дуел на второпласираниот и третопласираниот тим.

Правдата во Берово каде ќе играат Малеш и Карбинци ќе ја дели Тоше Џамов од Кочани, во Струмица ќе суди Здравко Костовски каде играат Тиверија и Дојранско Езеро, а пак главен судија во Делчево каде ќе играат Брегалница и Ударник ќе биде Спире Арсов од Кочани.

Сите натпреварит се играат в недела од 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!