РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари – двајца дебитанти во составот!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски, го соопшти списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари во септември. Македонија најпрво ќе одигра контролен меч против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“ – Прага), а три дена подоцна ќе го пречека Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) во рамки на квалификациите за Светското првенство 2026.

Во списокот на Милевски се најдоа вкупно 26 играчи, меѓу кои и двајца дебитанти – Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од швајцарскиот клуб Тун.

Составот на Македонија изгледа вака:

  • Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија), Дејан Илиев (УТА Арад), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука), Игор Алексовски (Фљамуртари)

  • Одбрана: Висар Муслиу (Падерборн), Никола Серафимов (Левски Софија), Езѓан Алиоски (Лугано), Ѓоко Зајков (Ајман), Андреј Стојчевски (Словачко), Дарко Велковски (Зрињски), Стефан Деспотовски (ОФК Београд), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум)

  • Среден ред: Енис Барди (Коњаспор), Јани Атанасов (Лариса), Елиф Елмас (Лајпциг), Исник Алими (Далиан Јингбо), Лука Станковски (Раднички Крагуевац), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц), Решат Рамадани (Шкендија)

  • Напад: Бојан Миовски (Џирона), Милан Ристовски (Бохемианс 1905), Дарко Чурлинов (Барнли), Александар Трајковски, Лирим Ќамили (Сондерјиске), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана), Елмин Растодер (Тун)

Собирот на репрезентацијата е закажан за 1 септември во 12:30 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!