Останато

Лина Ѓорческа елиминирана на стартот на фјучрсот во Братислава

Сподели
ФОТО: Тениска Федерација на Македонија | АРХИВА
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот W75 Братислава што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Македонската тенисерка во првото коло загуби од петтата носителка Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови за 70 минути игра.

Неизвесно беше во првиот сет од натпреварот. По водството на хрватската тенисерка од 1:0 во гемови, Ѓорческа имаше серија од три гема за водство од 3:1, а потоа Македонката предноста ја задржа и имаше водство при 4:3. Но, следните три гема ги освои тенисерката од Хрватска и го доби сетот со 6:4.

Во вториот сет по 1:1 во гемови, Ружиќ освои пет гема во низа и го доби сетот со 6:1 во гемови, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови. Со оваа победа Ружиќ поведе со 2:1 во добиени мечеви против Ѓорческа.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Останато

Сара Митевска го освои турнирот Ј100 Аридеа во Грција

Македонската тенисерка Сара Митевска (16 години) оствари одличен успех, освојувајќи го меѓународниот...

Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!