ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност убедлив против Петровец, високи победи за Марино и Гоце Делчев

Сподели
Сподели

Во рамки на второто коло од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или четвртата лига беа постигнати голм број на погодоци.

Марино на домашен терен со 6:0 го декласираше тимот на Инџиково, каде двојни стрелци беа Марковски и Фејзула, а по еден гол постигнаа Јаневски и Симоновски.

И екипата на Гоце Делчев беше убедлива на домашен терен против тимот на Дељадровци откако славеше со 6:0 преку двата погодоци на Гоцевски и погоците на Петревски, Јовановски, Стојковски и Алексов.

Долно Коњари во вториот дел го доби тимот на Бујковски со 2:0, а стрелци беа Шаботиќ и Шкријељ.

Маџари Солидарност на гостински терен со 1:4 славеше над ланскиот третолигаш Петровец, откако во вториот дел се распадна домаќинот.

Здравковски во 9. минута постигна гол за 1:0 и водство на Петровец, резултат со кој се замина на полувреме, а во вториот дел Крстевски со два гола обезбеди водство на Маџари Солидарност од 1:2, а до крајот на мечот Андреевски и Јовановски погодија за конечни 1:4.

Ускуп и Миладиновци одиграа 3:3 на теренот на Инџиково со што ги поделија бодовите. Во првиот дел резултатот беше 1:1, а во вториот дел беа постигнати четири погодоци.

За домашниот тим Исеновски беше двоен стрелец, а еден гол постигна Кумбараџи, за гостинот Стојмировски, Бојковски и Трајчевски беа стрелци.

Во рамки на втората рунда Илиден беше слободен.

Во одноа на табелата Марино и Маџари имаат по максимални шест бодови и го делат врвот.

На 3. место е Долно Коњари со четири бодови, Бујковци и Гоце Делчев го делат четвртото место со по три бодови. Миладиновци е шести со два бода, а по еден бод имаат Дељадровци, Инџиково и Ускуп.

Без бодови се ланските третолигаши Петровец и Илинден.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!