Прва лигаФудбал

Ѓорѓиевски и Ивковиќ имаат по шест гола во Првата лига, тројца фудбалери со по пет постигнати погодоци!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

По девет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига мешаница на листата на најдобри стрелци. Марко Ѓорѓиевски од Силекс и Ѓорѓе Ивковиќ од Брера Струмица имаат по шест постигнати погодоци.

Тројца фудбалер имаат по пет погодоци, а тоа се Фитон Адеми и Бесарт Ибраими од Шкендија, како и Абдулхади Јахја од Воска Спорт.

По четири погодоци постигнаа интернационалецот од Нигерија кој настапува за Гостивар, Оланревају Мухаммед Кехинде, кој го носи дресот на шампионот Струга Трим Лум, како и РЕмзифаик Селмани од Беса.

По три погодоци имаат Јоан Симон Едмундсоон кој настапува за Шкупи, Басироу Кампаоре од Струга, Ајдоган Огузхан и Алпер Потук од Гостивар, Али Регхба од Работнички и Марко Смоновски од Гостивар.

Во однос на листата на постигнати автоголови Сава Радич од Струга има два автогола, а по еден имат Дин Аломеровиќ од Работнички, Јасмин Мециновиќ од Вардар, Мичал Пинтер од Шкупи и Малиќ Хамзиќ од Гостивар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто...

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!