Турнири

ФОТО: Еклектик во „пеколно“ финале го доби ОФК Карбинци Алфи и го освои Малеш Куп 2025

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Успешно заврши четвртото издание на турнирот во мал фудбал „Малеш Куп 2025“ кој се одржува во Берово.

Спортска Мрежа уште од првото издание во 2022 година воспостави соработка и стана медиумски покровител на овој турнир кој дефинитивно важи за еден од најдобро организараните со богата програма предвидена за секоја вечер.

Синоќа се одигра натпреварот за трето место и големото финале.

МЕГА ФОТО ГАЛЕРИЈА НА ОВОЈ ЛИНК

Во мечот за трето место екипата на PUB Делчево Монополо со резултат од 2:0 го доби мечот со ДЕУТЗ Вих Двориште. Овој меч тргна одлично со иницијатива кај екипата од Делчево, која откако го отвори резултатот лесно дојде и до втор погодок и посигурно го водеше мечот со што стигна до третото место.

Во големото финале се соочи Еклектик и ОФК Карбинци Алфи, можеби малкумина ќе веруваа во седумте погодоци, но и тоа се случи, па публиката уживаше од првата до последната минута.

ФОТО: Спортска Мрежа

Еклектик го освои „Малеш Куп 2025“ откако со 4:3 славеше во големото финале.

Мечот тргна одлично со шанси и на двете страни и двете екипи имаа свои моменти, а погодокот на Еклектик предизвика ерупција на трибините. Еклектик имаше висока предност, а при 4:1 тимот на ОФК Карбинци Алфи дојде во самиот финиш на 4:3 и тоа предизвика „хаос“ и неизвесност кај публиката, но Еклектик одлично се одбрани од налетот на противникот и така стигна до шампионскиот трон на „Малеш Куп 2025“ – шампионскиот пехар останува во Берово.

ФОТО: Спортска Мрежа

Најдобар голман на турнирот беше прогласен Филип Гигов, најдобар стрелец беше Кадри Амза, а пак за најдобар играш беше Тони Мичковски.

Најпеспективна и фер екипа е ОФК Малеш Постоловски, а пак ветеран играч е Фахрудин Мустафов.

ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата потврда за тоа е продолжувањето на соработката со искусното десно крило...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Ди-Џеј Стјуард го најави своето влијание: Ќе дадам максимум за Македонија

Дивејн Стјуард Јуниор на најдобар начин го најави своето присуство во дресот на македонската репрезентација. На првиот настап, во контролниот натпревар против Бугарија,...

Поврзани написи
Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој...

Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!