Останато

Четворица македонски тенисери настапуваат на Европското првенство до 14 години во Чешка

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Четири млади македонски тенисери – две девојчиња и две момчиња – ја претставуваат Македонија на Европското првенство до 14 години, кое се одржува во Мост, Чешка. Во машката конкуренција настапуваат Марко Алексовски и Алексеј Стојановски, додека кај девојчињата боите на Македонија ги бранят Деа Крстевска и Ивана Божиновска.

На самиот старт од шампионатот, Марко Алексовски забележа убедлива победа над Ник Вирц од Луксембург со 2-0 во сетови (6-1, 6-2). Во наредната рунда, односно третото коло, Алексовски одигра борбен меч против петтиот носител Лоренс Драјвер од Холандија, но загуби со 2-0 (6-2, 7-6).

Алексеј Стојановски, пак, го заврши настапот во главниот дел од турнирот уште во првото коло, со пораз од Александар Бисеров од Швајцарија со 2-0 во сетови.

Кај девојчињата, Крстевска и Божиновска беа слободни во првата рунда, но во второто коло претрпеа порази. Крстевска загуби од Марија Магро, а Божиновска беше поразена од Викторија Хомутова од Летонија – двете со идентичен резултат од 2-0.

Стојановски, Крстевска и Божиновска го продолжуваат настапот на утешниот турнир. Во првата рунда ќе игра само Крстевска против Викторија Лантерни Монако од Италија, додека Стојановски и Божиновска се слободни. Алексовски, поради тоа што стигна до третото коло, нема право на настап во утешната конкуренција.

Во игра на двојки, Алексовски и Стојановски ќе се соочат со противници од Грузија, додека Крстевска и Божиновска ќе играат против двојка од Словачка. Мечевите се закажани за денеска, подоцна во текот на денот, исто како и натпреварот на Крстевска во утешниот турнир.

Настапот на Европското првенство претставува вредно искуство за младите македонски тенисери и тенисерки. Покрај натпреварите, тие добиваат меѓународно спортско искуство, можност за дружење со врсници од цела Европа, како и гордост од носењето на репрезентативниот дрес.

Македонската делегација во Чешка е предводена од селекторот Владимир Чубриновски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!