Втора лигаФудбал

ФОТО: Охрид ја започнува битката за Прва лига – со нови засилувања и амбициозни цели!

Сподели
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос
Сподели

Фудбалскиот клуб Охрид ги започна подготовките за сезоната 2025/26 во Втората македонска фудбалска лига, влегувајќи во новата сезона со јасна цел – пласман во Првата лига!

Со стартот на подготовките, охриѓани најавија максимална посветеност, висок интензитет на тренинзите и работа исполнета со страст и љубов кон фудбалот. Во наредните недели, тимот ќе одигра неколку контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ќе го гради тактичкиот план и ќе го воигрува ростерот за предизвиците што следуваат.

Клубот веќе сериозно работеше на засилување на играчкиот кадар, ангажирајќи ги Леонид Кофиловски, Иван Глигоров, Димитриј Димитриевски, Стојан Попоски, Димитриј Попоски, Андреј Симевски и голманот Дамјан Серафимов, со што јасно ја потврди амбицијата за борба за највисоките позиции на табелата и враќање во македонската фудбалска елита.

ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос

Клубот најавува дека оваа сезона ќе биде нивна – со поддршката на верните навивачи, а особено на „Рибарите“, кои се најавени како вистински „12-ти играч“ во битките што претстојат.

ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос

Новата сезона во Втората лига започнува на 23 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Листата на „отпишани“ второлигаши се зголеми!

Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и...

Ракомет

Младост се прошета во Свети Николе и ги собра бодовите, Драчево Јуниор и Вардар Неготино убедливи!

Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!