Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кошаркарската репрезентација на Македонија се „пресели“ во Гевгелија

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска е во Гевгелија, каде ќе ги продолжи подготовките за настапите во втората фаза од претквалификациите за Светскито Куп 2027 година во Катар.

Непосредно пред заминувањето за југот на нашата земја, селекторот на сениорите, Марјан Илиевски се соочи со персонален проблем.

Имено, на последниот тренинг одработен во СРЦ „Кале “ во Скопје, Марин Петков се пожали на стомачни болки, поради што беше испратен на дополнителни лекарски прегледи.

Поради тоа дополнителен повик селекторот Илиевски упати кон Виктор Ташовски кој треба да ја пополни бековската позиција во нашата сениорска селекција.

Покрај Ташовски, во наредниот период од подготовките, кои ќе бидат реализирани во Гевгелија, со „црвено-жолтите“ ќе биде и неговиот тимски колега од екипата на ТФТ, Тома Стојаноски.

Поранешниот младински репрезентативец ќе ја засили онаа „внатрешна позиција“ во ростерот, кој во наредните неколу дена треба да биде засилен со приклучувањето на Адем Мекиќ, Теодор Симиќ и Џејкоб Вајли, а во наредната недела е планирано и доаѓањето на Андреј Јакимовски.

Нашата најдобра селекција, која се смести во хотелот „Аполонија“ ов Гевгелија, ќе тренира два пати на ден, во веќе утврдените термини 10. часот (утринскиот), односно 18.30 часот, во оној попладневниот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Спирко Златков нов тренер на Осогово, второлигашот од Кочани и со нов тренер на голмани

Второлигашот Осогово го назначи Спирко Златков за нов шеф на стручниот штаб, кој доаѓа на местото на Крсте Крстев, кој по седум кола...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера го одработи последниот тренинг, позитивна атмосфера пред реваншот со Санта Колома – младите струмичани атакуваат на нова победа во ЛШ!

Младинскиот тим на Брера Струмица е подготвен за нов европски предизвик! Струмичани денеска го одработија последниот тренинг на стадионот „Истатов“ пред утрешниот реванш...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!