Турнири

Третата вечер на „Влатко Петров 2025“ донесе голови во изобилие и нови фаворити во Чардаклија

Сподели
Сподели

И третата вечер на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија беше полна со фудбалски возбудувања, високи резултати и интересни пресврти. Агросмарт го имаше своето шоу со две високи победи, додека Матива одлично го отвори турнирот во групата В.

  • Резултати од третата вечер (16 јули – среда):

Б.Р. Сашо ГИС Скопје – Џоле Транс Коп 6:5
Б.Р. Сашо ГИС Скопје – Агросмарт 2:12
Агросмарт – МАГНА 11:1
Матива – Puzzle 4:0

Агросмарт доминираше со дури 23 постигнати гола на два натпревари, испраќајќи јасна порака до конкурентите. Во групата В, Матива имаше сигурен настап со триумф над Puzzle и се најави како сериозен тим за елиминациите.

  • Четврта вечер – Најава за натпреварите од четврток (17 јули):

20:00 Multifix Битола – Чардаклија
20:50 Multifix Битола – ФизиоАрт
21:40 Mela Rent a Car – Гостилница кај Џек

По трите силни вечери, денеска на сцената ќе излезе Multifix Битола со две натпреварувања во групата Б, а во последниот термин дебитира Mela Rent a Car во пресметка против Гостилница кај Џек.

Останете со Спортска Мрежа – следете ги резултатите, табелите и сите важни моменти директно од Чардаклија, нашата соработка е воспоставена уште од 2022 година.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Турнири

ЦСКА Софија ја засилува елитата: Интернационал Мастерс Куп добива уште еден фудбалски гигант

Југоисточна Македонија во мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал, а...

Турнири

ФОТО: Атлетико 2021 победник на традиционалниот турнир „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во организација на фудбалската школа Академија Младост Тошев, во спортската сала во...

Турнири

Во сабота 9. издание на турнирот во мал фудбал „св. Атанасиј Велики“ во Оризари

Во сабота ќе се одржи деветтото издание на турнирот во сала „св....

Турнири

ВИДЕО: Финалето меѓу Дим Метал и Пицерија Дивино од „Стојаково 2025“

Екипата на Дим Метал го подигна шампионскиот пехар на турнирот во мал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!