Ракомет

Женскиот ракомет добива нов формат – две лиги од сезоната 2025/26

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Женскиот ракомет во Македонија ќе влезе во нова ера – Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука од следната сезона (2025/26) натпреварувањата да се одвиваат во две лиги: Супер женска лига и Прва женска лига.

Со оваа реорганизација, се очекува да се подигне квалитетот на женскиот ракомет, да се создаде поконкурентна средина и да се овозможи подобро функционирање на клубовите во двете натпреварувачки рангови.

Во Суперлигата, која останува елитно натпреварување, ќе настапуваат осум екипи односно Ѓорче Петров (актуелен шампион и освојувач на двојната круна), Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо, Спартак и Пелистер.

Новоформираната Прва женска лига ќе брои седум екипи, и тоа Деспина, Овче Поле Славјански Универзитет, Ѓорче Петров 2 Стружанка, Шампион, Атлетик и Јехона.

Двата натпреварувачки ранга ќе се играат по двокружен бод-систем, а дополнително ќе бидат дефинирани пропозициите, системот на натпреварување, бројот на испаѓања и евентуални баражи.

Ждрепката за натпреварувачките броеви и дефинирањето на календарите ќе бидат закажани од страна на РФМ.

Оваа реформа е важен чекор за развој на женскиот ракомет во Македонија, а сите очекувања се дека ќе донесе поголема конкурентност и ќе отвори простор за развој на младите ракометарки.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во пресрет на историската сезона во Првата македонска фудбалска лига. Најново име...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

Ракомет

Чаневски се враќа во Бутел: Искусниот голман повторно ќе брани во Скопје

Ракометниот клуб Бутел Скопје доби големо засилување за новата сезона, откако во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!