Фудбалската треска продолжува во Конче, каде што вечерва се одиграа три извонредни четвртфинални натпревари на 28-то издание од традиционалниот „Петровденски турнир“. Публиката уште еднаш уживаше во динамични дуели, голови и вистинска спортска атмосфера под рефлектори.
- Фенербахче Кичево – Радио Имплус 7:1
Убедлива партија на екипата од Кичево, која доминираше на теренот од почеток до крај. - Црна Река Кавадарци – Фенербахче Струмица 2:4
Еден од најинтересните натпревари на турнирот досега. Црна Река имаше водство од 2:0, но Фенербахче Струмица приреди целосен пресврт со четири последователни погодоци. - Фурна Марфи – Рент а Кар Меда 5:2
Радовишани покажаа сигурност и стабилност во играта, што им донесе пласман меѓу четирите најдобри екипи.
🏆 Полуфинални двојки:
📅 Сабота (13 јули)
Фенербахче Кичево – Фенербахче Струмица
Дерби полуфинале помеѓу двете најофанзивни екипи на турнирот.
Фурна Марфи го чека подобриот од петочното четвртфинале помеѓу Фреинт Оне и Наум Техника.
- Изненадувања за публиката и дополнителна програма
Организаторот ФК Серта – Конче продолжува да внесува свежини во програмата. Вечерва беа доделени маици со клубскиот амблем за постари и хендикепирани лица, а до крајот на турнирот ќе бидат поделени вкупно 100 маици и други спортски реквизити.

- Предвидени се и награди за најлојалната публика:
5 ваучери по 5.000 денари за најредовни следачи
20 ваучери по 1.000 денари ќе се доделуваат по случаен избор
Дополнително, програмата ќе биде збогатена со трка на 800 метри, организирана во три категории:
Категорија 14+ години (општа конкуренција):
место – 15.000 денари
место – 8.000 денари
место – 4.000 денари
Деца до 14 години (машка и женска категорија):
место – 8.000 денари
место – 4.000 денари
место – 2.000 денари
- Општина Конче – со фокус на спортот
Преку организацијата на овој турнир и дополнителните активности, Општина Конче уште еднаш ја покажува својата посветеност кон развојот на спортот, особено во руралните средини. „Петровденскиот турнир“ останува не само спортски, туку и културен симбол на регионот.
Спортска Мрежа останува со вас – со секојдневни извештаи, видеа, резултати и атмосфера од најголемиот летен турнир во мал фудбал во источниот дел на Македонија. Финалето е закажано за 13 јули.