Ракомет

Ракометниот камп „40х20“ по четврти пат во Охрид: Почна спортската авантура за 120 деца од четири земји

Сподели
Сподели

Во неделата попладне, Охрид повторно стана центар на младинскиот ракомет, со почетокот на четвртото издание на кампот „40х20“, кој оваа година се одржува под мотото „Ракометниот терен е мојот свет“. По пристигнувањето, сместувањето и преземањето на спортската опрема, 120 деца – момчиња и девојчиња од четири различни земји – веќе ги имаа првите тренинзи на брегот на Охридското Езеро, започнувајќи ја својата шестдневна спортска авантура.

Кампот се одвива во спортскиот комплекс на хотелот „Десарет“, во периодот од 6 до 11 јули, како дел од поширокиот проект „Ракомет за секое дете“. Овој проект опфаќа и школа за ракомет, како и турнирот Јуниор Куп во мини-ракомет, со цел поттикнување на спортот кај најмладите и создавање здрави навики преку игра и дружење.

Во наредните шест дена, децата на возраст од 7 до 17 години ќе имаат можност да ги унапредат своите ракометни вештини, да учат за спортот и неговите вредности, да се дружат и да создадат нови пријателства – сето тоа во уникатната атмосфера на еден од најубавите градови на Балканот, Охрид.

„По неверојатниот интерес за учество на кампот, ние како организација – чувствувајќи ја одговорноста од довербата што ни беше дадена од децата и родителите од Македонија и странство – подготвени го дочекавме стартот на 4-тото издание на ракометниот камп ‘40х20’. Ќе направиме сè што е во наша моќ да ја оправдаме таа доверба. Концептот останува ист: повозрасните кампери работат на индивидуална надградба со 15 тренери од земјата и странство, додека помладите се воведуваат во основите на ракометот, тимската работа и спортската дисциплина. Кампот има и силен едукативен карактер, со предавања, посебни активности и прошетки низ Охрид,“ – изјави Горан Ѓоргоноски, менаџер и организатор на кампот.

Новитет во овогодинешното издание е организирањето на промотивни активности на охридскиот плоштад, каде што најмладите кампери ќе се натпреваруваат во мини-ракомет со свои врсници од Охрид и Струга. Овие јавни натпревари имаат за цел да ја доближат играта до пошироката публика и да поттикнат љубов кон спортот кај уште поголем број деца.

Дополнителна вредност на кампот ќе му дадат и гостувањата на македонски ракометни ѕвезди, меѓу кои и најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска, како и Милан Лазаревски, Ненад Костески, и легендите Гоце Георгиевски и Стојанче Стоилов. Преку интерактивни демонстрации и средби со учесниците, тие ќе ја пренесат својата мотивација, искуство и љубовта кон ракометот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!