ИнтернационалциФудбал

Марио Илиевски ја продолжува кариерата во Косово – потпиша за Приштина!

Сподели
ФОТО: FC Prishtina
Сподели

Македонскиот фудбалер Марио Илиевски ја продолжува својата интернационална кариера, овојпат во Косово. Дваесет и три годишниот напаѓач се пресели во редовите на косовскиот прволигаш Приштина, потврди клубот преку официјално соопштение.

По заминувањето од Бугарија, каде што настапуваше за ЦСКА Софија, Илиевски избра нов предизвик во косовското првенство, каде ќе се обиде да се наметне како клучен играч во офанзивата на Приштина.

„Среќен сум поради овој трансфер, ова е одличен клуб и среќен сум што сум дел од Приштина. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе на секој натпревар за да се борам за титулата и повторно да играм во Европа,“ изјави Илиевски.

Илиевски има богато репрезентативно искуство – беше дел од сите младински категории на македонската репрезентација, а има и еден настап за А-селекцијата.

Во својата досегашна клупска кариера ги носеше дресовите на Вардар Неготино, Септември Софија, Тиквеш, Кишварда и ЦСКА Софија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!