Останато

Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски ќе настапат на Светското првенство во Токио во атлетика!

Сподели
ФОТО: АФМ
Сподели

Андријана Поп Арсова обезбеди учество на Светското првенство во атлетика што ќе се одржи во Токио, Јапонија од 13 до 21 септември откако го исполни квалификацискиот критериум преку ранкинг-системот на Светската атлетика. Таа се најде меѓу најдобрите 100 маратонки во светот, со што заслужено ќе настапи на најголемата светска атлетска сцена.

Поп Арсова испиша историја како прва македонска атлетичарка што ќе учествува на три последователни светски првенства – по настапите во Орегон и Будимпешта, сега следува и Токио. На две од овие три првенства таа го исполни и официјалниот квалификациски критериум, што го потврдува нејзиниот квалитет и континуитет во елитната светска атлетика.

Покрај Андријана, Македонија во Токио ќе ја претставува и нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски, кој ќе настапи исто така во дисциплината маратон. Ивановски е национален рекордер и повеќекратен балкански шампион, кој со своите настапи веќе подолго време се наоѓа меѓу најдобрите атлетичари во регионот. Неговиот настап во Токио ќе биде уште една шанса за да ја потврди својата форма и да се претстави достојно на светската сцена.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!