Футсал

Втора футсал лига: Конзули против Овче Поле, Мал Ајакс со Кратово, Победа отвара со Карадаку

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во новата сезона од Втората футсал лига на Македонија ќе настапуваат вкупно 13 екипи, што значи дека во секое коло по една екипа ќе биде слободна.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат ланските прволигаши Карадаку и Овче Поле, потоа Енхалон, Каршиака, Конзули, Кратово, Кораби, Мал Ајакс, Победа, Сее Университи, ССК, Балкан и Партизан Југ Брвеница.

Ждрепката посака во првото коло да се соочат Енхалон и Сее Университи во Струга, Конзули против Овче Поле од Свети Николе, ССК во дуел со Балкан, Победа против Карадаку, Мал Ајакс со Кратово и Кораби против Партизан Југ од Брвеница. Во рамки на првото коло слободна ќе биде екипата на Каршиака.

Новата сезона 2024/2025 од Втората футсал лига ќе започе на 12/13 октомври.

И во новата сезона од Втората футсал лига првите две екипи ќе обезбедат место во Првата футсал лига, а пак последните две од Првата футсал лига ќе испаднат во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако во „Т Арената“ го совлада Скопје со 102:98 во натпревар со...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од Втората лига, поради неисплатени обврски, клубот се суспендира од натпреварување во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби...

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!