ИнтернационалциФудбал

Браќата Урдинови реализираа нови трансфери на фудбалери во Чешка!

Сподели
Сподели

Поранешниот македонски репрезентативец Јани Урдинов и неговиот брат Александар Урдинов, поранешен фудбалер на Дојранско Езеро, продолжуваат со успешната кариера како фудбалски менаџери, овојпат со нови потписи во Чешка.

По зимскиот трансфер на младинскиот репрезентативец Рајан Бербери во Чешка, браќата Урдинови реализираа уште три значајни трансфери. Младиот напаѓач Круз Мбанга (19), кој доаѓа од англискиот Блекбурн Роверс, потпиша за чешкиот Слован Валвери, кој се натпреварува во третата чешка лига.

Во истиот клуб пристигна и Аднан Мурад, кој доаѓа од шпанската трета лига. И тој ќе ги брани боите на Слован Валвери во претстојната сезона.

Како посебен успех, треба да се издвои трансферот на камерунскиот интернационалец Жак Фокам Сандеу, кој од Слован Валвери премина во реномираниот чешки клуб Дукла Прага – чекор напред во неговата кариерна патека.

Со ова, браќата Урдинови уште еднаш ја потврдуваат својата способност и професионализам во светот на фудбалскиот менаџмент.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!