Ракомет

Слободанка Кицеска ново засилување меѓу стативите на Металург Автокоманда

Сподели
ФОТО: ЖРК Металург Автокоманда
Сподели

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда продолжува со засилувањето на ростерот за сезоната 2025/26, а најновото име на списокот на засилувања е искусната голманка Слободанка Кицеска. Родум од Струга, Кицеска е ракометарка со богато искуство, препознатлива по својата борбеност, страст за игра и победнички менталитет.

Таа во кариерата настапуваше за неколку македонски клубови, меѓу кои Вардар Јуниор, Чаир и Стружанка нејзиниот матичен клуб, а најзначајниот ангажман ѝ беше во актуелниот шампион Ѓорче Петров, каде што ги бранеше боите до крајот на минатата сезона.

Со оваа аквизиција, Металург Автокоманда добива сигурност и квалитет меѓу стативите, што ќе биде клучно во амбициозниот настап на домашната сцена и во Европскиот Куп на ЕХФ. Претходно, клубот веќе ги обезбеди потписите на неколку ракометарки како Ива Божиноска, Анастасија Николовска, Петра Јершек, Ана Марија Коларовска и Сара Ристовска, а договорите беа продолжени со клучните имиња од досегашниот состав.

Минатата сезона, Металург Автокоманда заврши како второпласиран тим во домашното првенство и беше дел од завршниот турнир во Купот на Македонија. Новата сезона носи нови предизвици, а ангажманот на Кицеска е само уште еден доказ за сериозниот пристап и јасните цели на клубот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува...

Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро да Силва, кој од јануари ќе им се приклучи на „црвено-црните“ и...

Поврзани написи
Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар од јануари се засилува со бразилскиот бек Жоао Педро да Силва

Ракометниот клуб Вардар 1961 го потврди ангажманот на бразилскиот бек Жоао Педро...

Ракомет

Вардар ја затвори годината со триумф над Прилеп!

Вардар ја потврди лидерската позиција и со најмалку четири бода предност заминува...

Ракомет

Бутел се бореше, но бодовите заминаа кај Алкалоид!

Ракометарите на Алкалоид славеа против Бутел Скопје со 33-28, во последниот суперлигашки...

Ракомет

„Со победа да ја завршиме најуспешната полусезона”– Бојаниќ пред дуелот со Радовиш

Ракометарите на ГРК Охрид во четврток ги очекува гостување кај екипата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!