Останато

Ивановски со пресврт до победа и четвртфинале на турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успеа да избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот М15 Загреб откако во мечот од второто коло го совлада вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1 во сетови (26 61 62) за 2 часа и 8 минути игра. Ивановски успеа да направи пресврт во мечот и со тоа за избори за денешното четвртфинале каде ќе игра против домашниот тенисер Вито Тонејц, која пак со 2-0 во сетови го победи петтиот носител Вук Раѓеновиќ од Србија.

Ивановски поведе во мечот, но во третиот гем на сервис на македонскиот тенисер Обрадовиќ направи брејк за предност од 2:1, а потоа и во петтиот гем вториот носител имаше уште еден брејк за 4:1 и сетот го заврши со 6:2 во гемови. Загубениот прв сет сепак не остави негативни последици кај Ивановски, кој во следните два сета на ривалот му препушти три гема.

Во вториот сет Калин поведе со 3:0, а единствениот гем Обрадовиќ го освои на свој сервис во четвртиот гем по 16 одиграни поени и намали на 3:1. Ивановски направи и втор брејк во сетот за 5:1 и сетот го заврши со 6:1 во гемови.

Во решавачкиот сет на стартот по еден брејк за двајцата играчи, а по 2:2 во гемови Ивановски направи серија од четири гема за 6:2 во гемови во решавачкиот сет.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се подготвува за новата сезона – клубот од Подареш се реактивира

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува ФК Готен, клуб од Подареш, радовишко село, поранешна општина. По долги...

ИнтернационалциФудбал

Дарко Велковски замина од Вардар, македонскиот репрезентативец ќе игра во Бахреин

Дарко Велковски има нов предизвик во кариерата. Искусниот македонски дефанзивец го напушта Вардар и ќе продолжи во Бахреин, откако стави потпис на договор...

Поврзани написи
Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!